„Металика“ најави нов албум по осум години пауза

Од:

Познатата хеви метал група „Металика“ објави дека по осумгодишна пауза, ќе издаде нов албум.

Албумот наречен „Hardwired… To Self-Destruct“, кој ќе има 80 минути музика, ќе се најде во продоажба на 18 ноември.

Ова ќе биде 11-ти студиски албум на „Металика“, кој следи по „Death Magnetic“ објавен во 2008 година.  

– Навистина постои! Знаеме дека долго го подготвуваме, но сега со гордост го претставуваме „Hardwired… To Self-Destruct“, долгоочекуваниот нов студиски албум на „Металка“, објави бендот на својот профил на Фејсбук. 

Според најавите, овој албум претставува „следна фаза во патувањето“ на „Металика“.
Легендарниот хеви метал бенд е формиран во 1981 година во Лос Анџелес и досега има продадено десетици милиони носачи на звук.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски