Маротови со музиката за Манаки ќе настапат на филмски фестивал во Анталија

Од:

Музичарите Благој Маротов и Бојан Маротов на 6-ти и 7 октомври ќе гостуваат на филмскиот фестивал „Златен портокал“ во Анталија, Турција, каде што во живо ќе ја изведат музиката за ДВД-то од филмовите на браќата Манаки.

Маротови ја напишаа и снимија музиката по нарачка на Кинотеката на Македонија, која го дигитализираше и реставририраше  целокупниот опус на браќата Милтон и Јанаки Манаки, првите сниматели на Балканот, основоположници на македонската филмска историја.

Дигиталната реставрација на филмското наследство на браќата Манаки во текот на 2012 и 2013 Кинотеката на Македонија го направи во Унгарската филмска лабораторија во Будимпешта.

Кинотеката го промовираше ДВД-то на 16 септември во Битола, на 34. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Маротови од двата настапа во Анталија очекуваат добар прием кај турската и кај светската публика. Покрај нивните изведби, ќе има и  изложба на фотографии „Браќа Манаки“ и семинар „Браќата Манаки: балкански сликари на светлината“.

„Златен портокал“ (Altin Portakal Film Festivali) е најзначаен филмски фестивал во Турција, кој се одржува од 1963-та, а оваа година трае од  4-ти до 11 октомври.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски