Пејачката Мараја Кери секоја година во овој период од годината, за време на новогодишните и божиќните празници, заработува „тон“ пари за легендарниот хит „All I want for Christmas is you“.
Песната на Мараја што ја сними во 1994-та година, е најслушана песна на стриминг сервисите, а задолжителна е на сите листи на божиќни песни. Оваа ситуација се повторува секоја година од тогаш.
Американската пејачка за песната „All I want for Christmas is you“ само за оваа година заработи преку 7 милиони евра, пишува Miror.
Мараја пред оваа песна објави три албуми, но нејзината популарност порасна дури по издавањето на „All I want for Christmas is you“.