Во третото полуфинале на шоуто „Јас имам талент“, кој се емитува во недела, повторно ќе се појави 12. годишниот кандидат Лука, кој повторно ќе пее песна од Калиопи.
Нему веќе му се оствари желбата поради која се пријави во шоуто-да ја запознае македонската поп ѕвезда Калиопи, која лично за полуфиналето му ја отстапи матрицата за песната.
Јас и кажав дека сакам да ја пеам нејзината песна „Волчица“ и таа преку својота менаџерка ми ја даде матрицата. Ми даде само еден совет: Да пеам како на аудицијата, со сјај во очите, рече Лука, кој често се слуша со пеачката чии песни ги обожува.