ВИДЕО: „Македонско девојче” полни 50 години

Од:

Македонското девојче по кое е настаната познатата истоимена песна на Јонче Христовски денеска слави 50 години. На јубилејниот роденден на македонското девојче – Невенче, нејзиниот сопруг, Зоран Росоманов направи реиздание на песната изведена во несекојдневен стил.

Малкумина ја знаат приказната за раѓањето на „Македонското девојче”. „Татко“ на оваа прекрасна македонска песна е бардот Јонче Христовски. Тој бил чест гостин во семејството на Виолета Томовска, со која и самиот соработувал. На една од тие средби, кога ќерката на Виолета – Невенка, го славела својот прв роденден, настанала токму оваа песна,  тогаш за прв пат изведена од Томовска и Кирил Манчевски.

Ете тоа македонско девојче, Невенка Томовска Росоманова, денеска слави 50 години.

Кирил Манчевски Виолета Томовска

Создадена за истата личност, да потсетува на специјалните моменти, со вонвременски печат. Под велот на мистиката, а под закрила на љубовта, Росоманов собра тим, кој со емоции ја поддржа целата идеја. Новата избедба на песната е во продукција и организација на Зоран Росоманов, текст и композиција Јонче Христовски, диригент Бисера Чадловска, аранжман Васко Атанасовски, а музички продуцент Будимка Имери.(http://bit.ly/makedonskonevence)

Изведбата е на Весна Гиновска Илкова и Наум Петрески, заедно со хорот и симфонискиот оркестар на МОБ. За специјалната изведба во комплетирање на приказната, допринесе и виртуозот на гитара Влатко Стефановски, како и препознатливиот Дино Имери на клавир.

Речиси и да не постои човек кој не ја знае. Препеана на најмалку 10 светски јазици. „Македонско девојче” се пее и на седенки и на свадби, но и на спортски настани, секаде каде царува убавиот македонски дух.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски