Mr. Bad Guy беше објавенa во 1985 година, но верзијата на песната вклучена во албумот на „Квин“ не е верзијата што Фреди ја снимил со Џексон, пишува „Дејли експрес“.
Џексон и Фреди ја снимиле песната како дует, како и две други песни – State of Shock и Victory.
По смртта на Џексон во јуни 2009 година, Брајан Меј и останатите членови на „Квин“ работеа со наследниците на Џексон за да ги објават овие песни, пренесува британскиот весник
Првичниот план на бендот беше да го издадат дуетот на Џексон-Фреди во 2012 година на компилацискиот албум Queen Forever.
Меѓутоа, Меј имал големи проблеми кога соработувал со компанијата на Џексон, и едвај успеал да ја објави песната две години подоцна, во 2014 година – 33 години откако првично била снимена.