Магдалена Алексовска е годинашен претставник на Македонија на Интернационалниот детски музички фестивал „Славјански базар 2013“ што ќе се одржи во Витебск, Белорусија.
На фестивалот, што ќе се одржи од 8 до 13 овој месец, Алексовска ќе учествува во категоријата до 12 години. Ќе настапи со песните „Тајно моја“ од Тоше Проески и „Je veux“ од ZAZ.
Изборот на детето кое ќе настапи на фестивалот е направен со аудиција на децата од хорот Пиколо од страна на педагогот и диригент на хорот Весна Димчевска.
Алексовска е родена на 24 јануари 2002 година во Скопје. Има 11 години и е ученик во 6-то одделение во основното училиште „Мирче Ацев“. Истовремено таа е ученик и во Државниот музичко балетскиот училишен центар „Илија Николовски-Луј” каде го изучува инструментот флејта и солфеж.
Магдалена неколкугодини членува во детскиот хор „Пиколо“ при ДМБУЦ- „Илија Николовски -Луј” во Скопје. Член е и на детскиот хор „Златно славејче“ од 2009 година и има настапувано како солист на истоимениот детски фестивал во 2010 со песната „Глувци оро вијат“.