Маестрален настап на Емин Џијан и Дерик Меј во Ница

Од:

Френетични аплаузи и овации на отворена сцена се впечатоците на оние кои присуствуваа на концертот, кој го организираше македонската продуцентска куќа „Излет мјузик“ во Ница, Франција, а на кој нашиот музички гениј Емин Џијан, настапи заедно со детроитскиот диџеј Дерик Меј, во концертната сала, Акрополис. Настапија во рамките на фестивалот за современа музика „Ова не е класика” заедно со Симфонискиот Оркестар на Кан. Како и на досегашните концерти, и на овој беше изведена електронска музика, која ја потпишува Меј, а за која аранжмани направи Џијан. На концертот, покрај Маријана Николовска на челеста, како солист на пијано настапи и Ема Потевска. Во техничкиот дел: Бојан Угриновски како тон мајстор и Игор Иванов Изи светло мајстор и визуелни ефекти.

Следна дестинација е Мелбурн, Австралија, каде во јануари покрај Дерик Меј ќе настапи и инспиратиниот Џеф Милс. Организаторите најавуваат дека овој концерт ќе биде историски момент, не само за Македонија, туку и за светската музичка сцена.

IMG_6288copy

IMG_5848

IMG_5805

IMG_6269

IMG_6256

IMG_6230

IMG_6218

IMG_6147

IMG_6002

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски