54-годишната Мадона се најде на врвот од годинешнава листа на Billboard според заработката, вторпат во последните пет години. Оваа листа се прави според заработката од турнеите, албумите и другите проекти на изведувачите.
Магазинот наведува дека само на турнејата заработила 31 милиони американски долари, што прави повеќе од 90 отсто од нејзиниот вкупен минатогодишен приход од 34,6 милиони долари.
Мадона, којашто исто така на првото место на оваа листа беше и во 2008 година, е единствената жена во топ десет музичките ѕвезди според заработката изминатата година.
Второто место го зазема Брус Спрингстин со 33,4 милиони долари, а третото Роџер Вејтерс, поранешниот член на легендарните Pink Floyd со заработка од 21 милион долари, по кого следат групата Van Halen и американската кантри ѕвезда Кени Чесни.