Лозано избран за „ТАА најмомче“

Од:

Влатко Лозаноски Лозано е избран за „ТАА најмомче“ за 2012 година од читателките на тинејџерското списание ТАА.

Во пораките во кои тинејџерите гласале за Влатко посочувале дека тој е одличен пејач, има супер нов албум, му ги обожаваат песните, но и затоа што е „скромен, убав, сладок, има прекрасна насмевка…“.

Покрај Лозано, на единаесеттиот избор за „ТАА најмомче“ годинава номинирани беа и Марко Марк, Дејан Манасков, Роберт Билбилов, Војдан и Дамјан Стојановски, Боби Мојсоски и Слаткар.

Се гласаше цел месец преку смс, меил и Фејсбук пораки и преку анкетата на веб страницата на ТАА.

Досегашни „ТАА најмомчиња“ се Тоше Проески, Петар Ѓошев, Ивица Смилкоски, Адријан Гаџа, Стефан и Мартин Филиповски, Ламбе Алабаковски, Александар Белов, Христијан Тодоровски – Кико и Тони Зен.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски