Поп-пејачката Викторија Лоба направи одлична забава на отворањето на плажата Вила Драма во Охрид. Со лесни ар-ен-би звуци и комерцијални сетови Викторија беше вистинска атракција на плажата заедно со диџејот Далибор Дадоф и Игор Сакс.
Иако врнеше сепак тоа не ги спречи гостите да се журкаат на добрата музика и одличните коктели. Меѓу гостите беа уредникот на А2 телевизија Ацо Кабранов со сопругата Белинда, екс амбасадорката Елеонора Каранфиловска и сопругот Крек Ретклиф и други. Од тука најавуваат големи журки во текот на целото лето.
[nggallery id=38]