Пеачката Лили Ален го смени своето уметничко име во Лили Роуз Купер и моментално работи на новиот материјал.
Во соопштението на портпаролката на пејачката се наведува дека Лили Ален отсега ќе се одзива на името Лили Роуз Купер, во чест на нејзиниот брак со Сем Купер.
Таа и Купер се венчаа лани и имаат ќерка, а неодамна е потврдено дека ѕвездата е повторно трудна.
Во соопштението кое го пренесе АП, се наведува и дека „сопственичката“ на хитовите „Smile“ и „The Fear“ почнала со работа на новиот материјал и дека е одушевена што се вратила во студио.