Легендарниот канадски музичар и писател Ленард Коен бил погребан на еврејските гробишта во Монтреал уште пред да биде соопштена веста за неговата смрт, пишува весникот „Торонто стар”, цитиран од агенциите.
Коен починал на 82-годишна возраст во Лос Анџелес, САД, уште во понеделникот, но веста за неговата смрт беше соопштена доцна навечер во четвртокот.
„Ленард сакаше да биде погребан според традиционален еврејски обичај, заедно до своите родители, дедовци и прадедовци”, соопшти синагогата, на која познатиот бард и бил “омилен и почититуван” посетител.
На погребот присуствувале само членовите на семејството на музичарот, соопшти негов пријател.
На церемонијата била пуштена песна од последниот албум, кој излезе на 21 октомври, „You Want It Darker”.