Легендарниот Чик Кориа со култниот Електрик бенд на 2 јули во Скопје

Од:

Врвно музичко доживување, најголем настан годинава што долго ќе се памти и што ќе биде запишан во аналите на нашата концертна историја, вака организаторите го најавија настапот на The Chick Corea Elektric Band закажан за недела, 2 јули, во Метрополис арената во Скопје, од 21 часот.

Легендарниот Чик Кориа и неговиот култен Електрик бенд доаѓаат во рамки на светската турнеја која се смета за ексклузивна. Никој, според странските критичари, не очекуваше по толку години, од осумдесетите досега, луѓето кои направија своевидна уметничка, духовна револуција, повторно да се соберат и заеднички да свират.

– На сите им е познато кој е Чик Кориа – човекот добитник на можеби најмногу Греми награди, 22, и најмногу номинации, 63, човекот кој имаше храброст да ги сруши постоечките граници не само на џезот како жанр, туку генерално во музиката, да ја разбие познатата звучна матрица, да внесе нов, свеж здив, да ги преименува сите дефинирани правци, истакна музикологот Тина Иванова на прес-конференција.

Музиката на Кориа се опишува како енергична, моќна, импулсивна, полна со звучни изненадувања и виртуозност, а се движи од фјужн – џез и рок, до симфониска. Кориа и неговиот бенд користат и современи техники на компонирање, нешто што, според Иванова, ретко се забeлежува, а го знаат музичките познавачи и сладокусци.

– Во 1985 година го издадоа истоимениот деби албум опишан како спој на џез, рок, латино, и беше авангарда. Токму тој албум изврши силно влијание врз современиот тек на музиката, дури и врз музичките правци како хип-хопот и електронската муџика, посочи Иванова.

Композициите се производ на едно време, но се уште се авангардни и прогресивни.

За Ален Хаџи-Стефанов, еден од најголемите познавачи на џез музиката во Македонија и сопственик на Џез ФМ, звукот на Кориа е неповторливо креативен.

– Неговите композиции се толку впечатливи, како оние на Телониус Монк. Ако се обидеш да ги отсвириш на поинаков начин, ќе згрешиш. И ритмот е специфично вклопен, подвлече Хаџи-Стефанов.

Чик Кориа досега двапати беше во Скопје, во рамки на Скопскиот џез фестивал – еднаш како соло пијанист и автор, а вториот пат со трио. Сега првпат доаѓа со Еелектрик бенд во чиј состав се музичките гуруа: тапанарот Дејв Векл, басистот Џон Патитучи, гитаристот Френк Гембејл и саксофонистот Ерик Мариентал.

На концеротот во недела ќе биде промовирано и новото озвучување во Метрополис Арената.

Кориа и Електрик бенд пред Скопје настапуваа во Азија, а следуваат Холандија, Шпанија и Скандинавија.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски