„Лед Цепелин“ обвинети за плагијат на песната „Stairway To Heaven“

Од:

Британскиот хард рок бенд „Лед Цепелин“ би можел наскоро да се најде пред суд поради тврдењето дека нивната песна од 1971 година „Stairway To Heaven“ е плагијат на композицијата „Taurus“ на американската група „Спирит“, објави „Ролинг Стоун“.

Адвокатот, кој го застапува починатиот гитарист на „Спирит“, Ренди Калифорнија, тврди дека хард рок легендите го украле интрото на песната „Taurus“ од 1968 година и најави тужба за кршење на авторските права.

Адвокатот Френсис Александер Молофи се обидува да го блокира реизданието на албумот „Led Zeppelin IV“, тврдејќи дека неговиот клиент треба да добие писмено признание за песната.

– Идејата на сето ова е Ренди Калифорнија да добие писмена потврда за „Stairway to Heaven“, рече Молофи, додавајќи дека тужбата се подготвува веќе подолго време.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски