Ламбе Алабакоски ја комплетираше видео приказната за „Ќе те чекам јас“

Од:

Победничката песна од Скопски фестивал доби своја видео приказна. „Ќе те чекам јас“ инаку дело на Јован Јованов (текст, музика и аранжман) на Велешко езеро во продукција на Македонската телевизија раскажа и своја приказна со слика. Во спотот кој инаку го работеше Фабрика продукција, главната женска улога и ја деделија на ракометарката Ива Стојковска.

„Спотот се снимаше на неколку локации во неколку дена. Се уште не држеше позитивната победничка атмосфера од Скопски фестивал па снимањето помина без било каков проблем. Ива Стојковска се снајде одлично во улогата на модел и мислам дека и годеше за момент спортот да го замени со спот“ – изјави Ламбе.

Во периодот кој што следи, Алабакоски ќе сними спот и за новата песна „Кога те имам“. Летниот период кој инаку го трошеше на плажа во Преспа, годинава ќе го потроши на подготовка на нов музички материјал.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски