Музички спот „Гангам стајл“ од корејскиот пејач ПСИ (скратено од психо) влезе и во гинисовата книга на рекорди заради неговата посетеност на „јут јубе“
Иако се појави само пред неколку месеци, веќе е прогласен за најгледан музички спот на сите времиња со преку 270 милиони посети на интернет.
Овој смешен и популарен музички спот од дебелкиот и весел Кореец, веќе доживеа и повеќе пародии насекаде низ светот, а неговата популарност се уште продолжува да расте.
Но, ретко кој знае што е тоа всушност „Гангам“ стил.
Песната е направена како еден вид хумористична критика за новокомпонираните богаташи во Јужна Кореја, кои живеат во Гангам, елитен кварт во Сеул.
Ова е најпосакуваната локација во кој се сместени само 1 процент од жителите на Сеул, а просечната вредност на еден стан овде изнесува околу 720 илјади долари.
Иако не го разбираме јазикот на ПСИ, сепак без проблеми уживаме во неговата песна чиј наслов во буквален превод од корејски значи „јужно од реката“.
Гангам всушност настанал во седумдесетите години на минатиот век. Претходно, оваа област, голема исто како и Менхетен, била запустени куќи опкружени со земјоделски површини и канали за наводнување.
Потоа на исто ова место никнале елитни родавници, клиники за пластична хирургија и средни училишта за кои посиромашните граѓани можеле само да завидуваат.
Жителите на Гангам важат за себични и вулгарни „гадови“, кои никогаш не работеле, а поради својата среќа и поволните околности живеат удобен живот.
Всушнот „Гангам стајл“ го исмева лажниот стил на живеење на гангамчани.
Иако и ПСИ потекнува од богата фамилија и живее недалеку од оваа област, сепак важи за тотална спротивност од еден Гангамчанец.