Кристофер Ли, еден ден после прославувањето на 92-от роденден, објави студиски хеви метал албум „Мetal Knight“.
Станува збор за мини албум на кој се наоѓаат само седум песни. Две песни се од мјузиклот за Дон Кихот, а Ли на Јутјуб објави и видео во кое ги објаснува песните.
Критичарите веќе го фалат албумот.
– Музиката ме движи. Што повеќе е жешка и погласна, повеќе ми одговара, рече јунакот на „Господарот на прстените“.