Кристина Агилера: Дебела сум, помирете се со тоа

Од:

Кристина Агилера отворено проговори за својата борба со прекумерната тежина и притисокот кој го вршеле на неа, челните луѓе во музичкиот бизнис.

„Во текот на промоциите во 2002. година се уморив од тоа да бидам слаба, бела девојка“, ја започна, Агилера, својата исповед.

„Ми рекоа дека многу ќе влијае ако се здебелам. Ми тврдеа дека луѓето кои одат со мене на турнија ќе изгубат, поради мојата тежина, бидејќи картите за концертите нема да се продаваат. Бев млада, ослабев брзо и бев многу слаба кога се вратив на промоцијата на „Back to Basics“, додава Кристина.

Но, оваа година таа е постара, попаметна и подготвена да се спротивстави на суровите барања на шоубизнисот.

„Работите со дебела девојка. Соочете се со тоа и надминете го. Повремено им е потребен потсетник дека не им припаѓам, Тоа е мое тело. Моето тело не може никого да угрози, затоа што не заработува пари. Едноставно не е веќе пласирано на ист начин“, заклучи пејачката.

По лошата продажба на албумот „Bionic“ од 2010-та, Агилера се надева дека со новиот материјал „Lotus“, кој ќе биде достапен на 13-ти ноември, ќе направи голем успех.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски