Австрискиот трансвестит Кончита Вурст, кој победи на натпреварувањето за Песна на Евровизија во 2014 година, ќе биде специјален гостин на познатото париско кабаре „Крејзи Хорс“ од 9 до 15 ноември.
Кончита е првиот трансвестит кој ќе настапува во ова кабаре, кое е основано во 1951 година. Ќе носи фустани на францускиот креатор Жан-Пол Готие. Кабарето, кое е познато по настапите на полуразголи уметници, го претстави специјалниот гостин како „слободен уметник со многу дух“.
– Среќна сум што ќе бидам првата специјална дама на „Крејзи Хорс“. Во мојот свет сексуалната ориентација, бојата на кожа или верата не се важни. Тоа се однесува на човечкото суштество, а не на општеството, истакна Кончита Вурст, која по настапот во парискиот клуб ќе заврши со снимање на првиот албум.
Кончита Вурст, чие вистинско име е Томас Нојвирт, победи на Евросонгот во Копенхаген со песната „Rise Like a Phoenix“.