Концертна промоција на новото ЦД „Синтезис и Наум Петрески“ и на два нови видео записа

Од:

Концертна промоција на новото ЦД „Синтезис и Наум Петрески“ и промоција на два нови видео записа на песните „Сулејман  седит на кула“ и „Што си толку Лено гајлелија“ се одржа денеска во Младинскиот културен центар.

Радослав Шутевски од најпознатата македонска етно група „Синтезис“ на прес-конференција рече дека концертот ќе се одржи на 17 декември во Универзалната сала во Скопје.

– „Синтезис“ секогаш обработува многу стари македонски песни кои ги има и на ова ЦД. Тоа се песни кои сакаме да ги вратиме во живот, истакна Шутевски.

Пејачот Наум Петрески посочи дека во спотовите е изразена македонска вистина преку македонската музика. Според Анета Велкоска од „Синтезис“, голема чест е да се биде дел од групата.

Марјан Јовановски од „Синтезис“ рече дека едниот спот е снимен во скопското кафуле „New age“, а другиот во селото Јеловце.

– Имаме понуди со Наум за концерти во Австралија и Америка, истакна Јовановски.

На прес-конференцијата беше најавена и мини трунеја на „Синтезис“ во Германија и во Русија. Двата спота ги реализира продукција „Браќа Кумеви“.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски