На 30 март, Владимир Четкар ќе одржи концертна промоција на новиот студиски албум „Going Home“ во Менхетен, Њујорк во популарниот музички клуб DROM.
На концертот Четкар ќе се претстави со авторска музика од новиот албум како и музика од неговите два предходни студиски албуми „Heavenly“ и „We Will Never End“.
На сцената ќе биде придружуван од американски музичари, а ќе има и специјален гостин кој ќе биде изненадување за сите љубители на диско фанк музиката од ерата на Студио 54.
Наредната недела четкар патува за Чикаго каде на 5 април, ќе одржи уште еден настап во клубот Xippo.