Концерти на „Тумбао Салса Бенд“ на 4 и 5 март во Универзална сала

Од:

Македонскиот состав „Тумбао Салса Бенд“, кој негува латино музика, својот 10-годишен јубилеј ќе го одбележи со концерти на 4 и 5 март во Универзалната сала во Скопје.

Петар Ренџов, еден од основачите и менаџер на групата, на денешната прес-конференција истакна дека пред публиката ќе се претстават со нивниот веќе познат репертоар со кој настапуваат на клубската сцена во Македонија и со нумерите од албумот „Бела Салсита“.

Овој прв албум на бендот, кој беше издаден минатата година и претставен првпат на публиката на манифестацијата Златна Буба Мара на популарноста во 2014 година, немаше официјална промоција, но досега, вели Ренџов, нумерите од албумот си го најдоа своето место до публиката која ги сака латино звуците и латино џезот. За поголем дел од нив веќе се објавени и спотови, чиј автор е Веселин Стефановски, а денеска беше промовиран и видеозаписот за нумерата Куба.

Во латино аранжмани на албумот се поместени и некои од македонските фолклорни бисери како Фато мори душманке, Македонско девојче и Среќата со пари не се купува. Тоа, нагласува Ренџов, бара посебен напор и креативност, бидејќи за последната нумера посебни аранжмани се направени за секој инструмент, односно за секој од десетте музичари членови на бендот.

Предизвикот да се зафати со латино музиката, вели Ренџов, е чувството на среќа кое таа го буди.

– Тумбао е основниот ритам на кубанската музика, кој повикува на танцување, на радост и затоа го избравме како име и како лајт мотив на бендот. Ние сакаме да бидеме среќни. Со концертите во Универзална сала ќе се обидеме да донесеме малку море, палми и песок, вели Ренџов кој ветува добра забава.

Членови на Тумбао Салса Бенд се Марко Де Одорико (саксофон), Сенад Усеин (труба), Билјана Ѓошева и Мартина Христовска (вокали), Арсо Јанвески (конги), Александар Секуловски (тапани), Горан Гешовски (бас), Дамир Имери (пиано) и Петар Ренџов (гитара).

Специјални гости на концертите ќе бидат пријателите на бендот од групата „Азафран Микс“ од Куба, која има настапувано во Македонија. 

 

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски