Во Скопје денеска концерт ќе одржи танго триото Лос Милонгитас од Аргентина кое ќе настапи во МКЦ Клуб ресторанот.
Концертот ќе биде придружен и со милонга, односно танго игранка, на која ќе учествуваат домашни и странски танчери.
Триото Лос Милонгитас е основано во 2014 година и својот музички репертоар го формира под девизата „подиумот за танц цело време да биде исполнет со танчери“. Негови основачи се пијанистот Пабло Мургиер, бандонеонистот Симоне Толомео и контрабасистот Алесио Менеголи.