Концерт на Игор Митровиќ во Бугарија

Од:

Поп пеачот Игор Митровиќ на 12, 13 и 14 септември ќе престојува во Бугарија, Пазарџик, каде што ќе настапи на големиот концерт „Плус Фестивал“. На концертот кој ќе биде само ревијален дел, ќе учествуваат голем број познати звучни имиња, најмногу од Бугарија, меѓутоа ќе има и интернационални учесници.

Игор е поканет од страна на организацијата кој го организира концертот и ќе биде единствениот македонец. Ќе се претстави со две песни кои ќе ги отпее во живо, од кои едната е „Сам без тебе“ по желба на организацијата на концертот, а другата песна Игор ја држи сеуште во тајност. Негов ред да настапи е на 13 септември.

На концертот ќе настапат и следниве познати имиња: Поли Генова – претставничка на Евровизија 2011 (Бугарија), Лазар Валчев (Бугарија), Дивна (Бугарија), Килата (Бугарија), Дичо (Бугарија), Графа – познат по Дим да ме њама (Бугарија), Преја – финалистка на бугарскиот X-Factor (Бугарија), Устата (Бугарија) и многу други.

Во меѓувреме Игор работи на нови песни како во Македонија, така и во Хрватска, па вети дека наскоро се ќе излезе на виделина. А во меѓувреме, последно нешто од Игор е макфестовската балада „За Крај”, дело на Александар Масевски.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски