Популарната британска група „Депеш Мод“ синоќа оддржа концерт на Ушќе во Белград, пред околу 20.000 свои обожаватели од Србија и земјите во регионот.
Најверните фанови на Ушќе се „стационираа“ уште во саботата во желба да ги заземат најдобрите места пред бината. Турканиците вчера започна околу 19 часот, односно еден час пред да настапот на предгрупата на концертор, електронското дуо „Дајмонф Вержн“.
Околу 20:45 часот се слушнаа првите тактови од нумерата „Welcome to My World“ од новиот албум „Delta Machine“, по кој „Dепеш Moд“ ја нарекоа и својата турнеја.
Како што јави Танјуг, по мирниот почеток следеа песните „Аngel“, „Walking in My Shoes“, „Precios“, а пејачот Дејв Гахан ја поздрави публиката со „Добра вечер Белграде“ на српски јазик.
Познатата тројка – Гахан, Мартин Гор и Енди Флечер се држеа на сет листата од претходните настапи и публиката ги слушна и „Black Celebration“, „Policy of Truth“, „Should be Higher“, „A Pain That I’m Used To“, „A Question of Time“.
Над бината, широка 50 и долга 24 метри, се наоѓаше систем со подвижни рефлектори, кои се спуштаа кон членовите на бендот и се подигааа кон небото, при што кон публиката фрлаа светла со различни бои. Рефлекторите, ласерите и големите видео бимови со Гахам na niv во прв план, го дополнија спектаклот на популарниот бенд.
На почетокот на песната „Barrel of a Gun“ дојде до мали технички проблеми и поради што дојде до кус прекин. По прекинот Гор со гитарата изведе две балади, а Гахан се врати за нумерата „Heaven“.
Посетителите живнаа веќе со „Sooth My Soul“, а хитовите „Enjoy the Silence“ и „Personal Jusus“ ги пееја заедно со бендот. „Белграде, пеј! Рацете горе“, ги повикуваше Гахан фановите.
– Вие сте најдобра публика, порача пејачот на „Депеш Мод“ по петте песни изведени на бис.
И покрај очекувањата публиакта дека бендот уште еднаш ќе се врати на бината, концерот заврши по два часа и 20 минути „свирка“.