Во знак на благодарност на македонскиот народ до американскиот, музичарот Владимир Четкар ќе одржи целовечерен концерт на Универзитетот Норвич во државата Вермонт во САД.
Четкар ќе настапи со авторска програма, а ќе биде придружуван од Ник Фалк на тапани и Брајан Лед на бас гитара.
На концертот ќе бидат поканети гувернерот, сенаторите и конгресменот од оваа сојузна држава.
Армијата на Република Македонија и Националната Гарда на Вермонт имаат соработка повеќе од 15 години и настапот на Четкар ќе ја симболизира благодарноста на македонскиот до американскиот народ.
Исто така и македонскиот универзитет „Св. Апостол Павле“ веќе три години прави размена на студенти со Воената академија „Норвич“, а од следната година свои кадри ќе испрати и Воената академија од Македонија.