Концерт на Ал Бано, Тото Кутињо и Умберто Тоци во Софија

Од:

Во Националниот дворец на културата (НДК) во Софија вечерва заеднички концерт ќе одржат италијанските мизички ѕвезди Ал Бано, Тото Кутињо и Умберто Тоци.

На прес-конференција одржана вчера во Софија, трите музички легенди оценија дека тоа што ќе бидат собрани на една сцена претставува чиста судбина.

Ал Бано изјави дека идејата за нивен заеднички настап дошла од Германија пред неколку години, но дека таа првпат ќе се реализира во Софија, додека Кутуњо најави дека публиката ќе има можност да види „роматичен италијански концерт“.

Програмата за утрешниот концерт вклучува и некои од нивните најпознати евергрини како „Felicita“, „Liberta“, „Gente di Mare“, „Ti Amo“, „Serenata“. Најавено е и дека трите ѕвезди ќе ја изненадат публиката со изведба на песна на бугарски јазик.

Италијанските музички легенди ќе бидат придружувани од членови на Софиската филхармонија под диригентската палка на Алтеризио Паолети.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски