Познатата српска пејачка, Ана Николиќ, по раскинувањето на веридбата со црногорскиот бизнисмен Драган Томовиќ се одмараше на Азурниот брег.
Турбулентниот период во љубовта во потполност го заборави и целосно уживаше во Монако. Претстојот во Монте Карло, освен по одличната забава и шопинг, Ана ќе го памти и по џек потот од 10 илјади евра кои ги освои во казино.
„Не се согласувам со изреката – кој нема среќа во љубовта има во коцката. Мојот љубовен живот е совршен. Уживам во самотијата и времето кое си го посветувам на себе. Би кажала дека ова е почетничка среќа“, вели Ана.