„Облечете ги обувките за денс со Кирил Џајковски!”. Вака се рекламира денешниот настап на македонскиот музичар и композитор на Европскиот фестивал „Рок фор пипл”, кој по 19-ти пат се одржува во чешкиот град Храдец Кралове.
Реномираниот повеќежанровски, четиридневен музички и камп фестивал се одржува на површина од 50 хектари и има капацитет за 32.000 посетители, јави дописникот на МИА од Прага.
Џајковски, кој ќе гостува со многуброен отворен бенд, се претставува како музичар кој со неговата енергична музика успеал да направи спој меѓу етно и денс фановите со неговите феноменални комбинации на хип-хоп, реге, даб и рок звуци.
На истата сцена, од први до петти јули настапуваат и „30 Секндс ту Марс”, „Блок Парти”, „Д Паров Стелар Бенд”, „Гогол Бордело”, „Фоалс”, „Квинс оф д стоун ејџ”, „Луналуп” и други.