Славниот пејач Кемал Монтено мора да оди на трансплантација на бубрегот откако му е откриена лоша функција на едниот бубрег.
Монтено веќе подолго време има здравствени проблеми, а вградена му е срцева премостница, пишува „Вечерњи лист“.
Името на сараевскиот пејач од почетокот на годината се наоѓа на листата на чекање за трансплантација на овој орган, а ќе биде опериран најверојатно во март оваа година, поради што го чекаат уште најмалку два месеци мирување.
– Јас сум музичар и живеам од настапи. Ако лежам во кревет, нема пари за живот. Сега се чувствувам одлично, а ќе бидам уште подобро кога ќе имам нов бубрег, рече Монтено.