Поп ѕвездата Кејти Пери е прогласена за жена на годината според списанието Billboard, а наградата ќе и биде доделена на настанот Жените во музиката, кој ќе биде одржан на 30-ти ноември.
Оваа награда се доделува од 2008-ма година и ги слави најјаките и најталентираните жени во музиката. Пред Кејти оваа награда ја добија Кјара, Бијонсе, Ферги и Тејлор Свифт.
„Кејти на сцената се појави пред помалку од пет години, а веќе има направено многу. Пресреќни сме што можеме да ги прославиме нејзините неверојатни достигнувања“, изјави уредникот на Billboard, Бил Верде.