Кејт Винслет ќе се упати кон планетата Пандора… Тоа значи дека таа повторно ќе работи со колегата од филмот „Титаник“, режисерот Џејмс Камерон, но сега за продолжение од мегахитот од 2009 година, „Аватар“.
Камерон моментно работи на планираните четири продолженија од таа франшиза, но засега не се знае во колку од нив Винслет ќе се појави.
Глумицата наскоро ќе ја погледнеме во трилерот „The Mountain Between Us“, и во комедијата на Вуди Ален – „Wonder Wheel“.
Продолженијата на „Аватар“ се најавени за 2020, 2021, 2024 и 2025 година.