Познатиот гитарист Карлос Сантана за потребите на снимањето на новиот албум ќе ги собере оригиналните членови на неговиот бенд.
Со текот на годините се случиле многу промени во бендот, но Сантана потврди дека наскоро ќе му се приклучи Грег Роли, еден од првобитните членови, кој бендот го напушти во 1971 година.
Во бендот ќе се вратат и Нил Шон, Мајк Карабело и Мајкл Шрив.
– Нил се враќа. Исто така се враќаат и Мајк Карабело и Мајкл Шрив. Речиси сум сигурен дека ќе ни се врати и грег Роли. Тоа оприлика е комплетната првобитна група, рече Сантана за Noise11.
Сантана исто така, додаде и дека на новиот албум ќе преовладуваат звуците од африканската сцена.
– Веќе подолго време ја следиме африканската музика и африканските звуци. Секој уметник има некој свој омилен стил кој го слуша. Лед Цепелин го слушаше Отис Раш. Крим го слушаше Фреди Кинг и Алберт Кинг. Сите имаме некои свои омилени уметници кои сакаме да ги слушаме. Албумот можете да го очекувате во 2014 година, рече Сантана.
Бендот ќе почне да го снима материјалот подоцна оваа година.