Американскиот рапер Канје Вест објави дека својот музички репертоар го проширува со опера и дека неговата следна продукција ќе се вика „Набукодоносор“, а ќе биде изведена во Лос Анџелес на 24 ноември.
Вест најави оперска продукција во текот на викендот, во која ќе настапи госпел-хорот Sunday Service, со кој пејачот годинава изведе многубројни духовни христијански песни.
Invite artwork by Nick Knight pic.twitter.com/U7IBqe1Gxk
— ye (@kanyewest) November 17, 2019
Операта, која ќе се изведе во калифорниската сала „Холивуд боул“, е во режија на италијанската концептуална уметница Ванеса Бекрофт, порано десна рака на Вест, која работеше со него на модниот бренд Yeezy.
Канје најде инспирација за името на операта во вавилонскиот крал Набукодоносор Втори кого неодамна го спореди во едно интервју споменувајќи дека антички крал како него страдал од биполарно растројство.
„На Набукодоносор му беше дијагностицирано биполарно растројство, но тоа не го спречи да стане крал“, изјави американскиот рапер, кој неодамна се прогласи за најголем современ уметник.