Македонската поп дива Калиопи, толку била воодушевена од фактот дека 11 годишниот Лука се пријавил на „Јас имам талент“ само да ја запознае неа, а не поради паричната награда, што одлучила да му ја исполни желбата и да се сретне со него во Белград.
Лука настапи во првата емисија од новиот циклус „Јас имам талент“ и ги собра сите симпатии на жирито и публиката. При своето претставување изјави дека се пријавил само за да ја запознае Калиопи, не насетувајќи дека желбата ќе му се исполни.
„Мене не ми е добро баш, колку сум возбуден“, рекол Лука кога му кажале дека Калиопи оди во Белград специјално за него.
Тој бил на училиште, а на екипата на српски „Блиц“ и порачал: „Ми го разбранувавте животот. Но ви благодарам, ми се оствари сонот“.
„Да се постави некој друг наместо личните амбиции е ретка привилегија. Ме погоди тоа што мотивот не му е наградата, туку мене да ме запознае. Никој ништо поубаво не можеше да ми каже.
Многу мажи се трудат да ви ги спуштат ѕвездите од небо, а тогаш едно вакво момче ќе ви го даде најубавиот комплимент“, изјави Калиопи за српски „Блиц“.