Калиопи на 23 март ќе одржи концерт во Лозница

Од:

Туристичката организација на српскиот град Лозница на 23 март ќе организира концерт на Калиопи, најавувајќи ја како: „една од водечките дами на регионалната музичка сцена“.

Концертот ќе се одржи во Домот на културата на Вук Караџиќ и, како што е наведено во најавата, ќе биде можност жителите на Подринската Област и Лозница првпат да уживаат во концертот на оваа уметница со раскошен и препознатлив вокал на моќна интерпретација и посебни емоции.

-Тие ќе слушаат нејзини хитови, како што се „Роѓени”, „Црно и бело”, „Мелем”, „Куфер на љубовта”, „Волчица”…., обработка на нејзината песна „Костени”, а премиерно во живо ќе ги слушаат нејзините две нови песни – „Пресуда” и „Ајде да пееме”, а публиката ќе ја поздрави со ентузијазам, се наведува во најавата за концертот на Калиопи во Лозница.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски