Кајмакоски номиниран за MTV Europe Music Awards!

Од:

„Пресреќен сум бидејќи навистина е едно посебно задоволство да бидам номиниран за MTV Best Adria Act за 2015! Посебна чест е да се најдеш на листа со веќе докажани артисти, кои се со бројни достигнувања позади себе. За мене ова претставува мал, но битен чекор кон една визија која ја дели целиот тим. Посебно благодарам на МТВ Адриа за постојаната поддршка и признавање на мојата работа на овој начин“, споделува Даниел Кајмакоски.

Оваа година MTV Europe Music Awards се одржуваат во Милано, Италија на 25-ти октомври. Пред одржувањето публиката ќе има можност од 15-ти септември до 14-ти октомври да гласа за номинираните во сите категории, вклучително и за Даниел Кајмакоски во категоријата Best Adria Act (или најдобар изведувач во областа Адриа). Гласањето ќе се одвива онлајн, преку официјалната веб страна: http://www.mtvema.com.

Во истата категорија со Даниел се: 2CELLOS, Marčelo, Hladno pivo и уште еден изведувач кој ќе биде номиниран дополнително преку гласање од публиката во текот на оваа недела.

Последен номиниран артист од Македонија за категоријата Best Adria Act е групата Суперхикс, во 2009-тата година. Минатата година наградата ја освои познатата група Ван Гог.

Даниел Кајмакоски заедно со „Деценије” оваа година по трет пат се искачува на првото место на топ листата MTV Domacica, која опфаќа артисти и музика од целиот балкански регион.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски