Во кабаре клубот Џубокс, во вторник настапува таленираната Јова Радевска.
По настапите во британските клубови, Македонката со постојана адреса во Лондон, закажа акустична средба и со домашната публика.
Од 22:30 публиката во Џубокс ќе има можност да слушне дел и од новиот материјал на Јова, која на сената ќе ја придружува гитаристот Adam Green.
Македонската публика ја запозна Радевска на домашниот избор на песна за Евровизија во 2008 година, кога со песната „Јас сум овде” ги освои симпатиите на гледачите.
Нејзиниот прв албум „Hourglass Diary” го издава уште во 2007 година, а една од песните од првенчето на англиски јазик е сместена и на компилациско CD издание на музичкото списание Billboard.