Пејачот Јоце Панов по цели шест години пауза се врати на македонски фестивал „Макфест 2014“ со „Само немој да молчиш“.
Како автори на песната се потпишуваат Бане Опачиќ (музика), Владо Јаневски (текст) и Слоба Марковиќ (аранжман).
Песната ќе добие српска верзија која ќе биде промовирана на најреномираниот балкански фестивал „Сунчане Скале 2014“.
Оваа година фестивалот ќе има две вечери. Првата ќе биде натпреварувачка, а втората ревијална.
Во натпреварувачкиот дел од Македонија ќе настапат Александар Тарабунов, Димитар Андоновски и Евгенија Чанчалова – Еги, додека во ревијалната како специјални гости ќе настапат Јоце Панов и Даниел Кајмакоски.
Минатата година Јоце Панов ја отпеа песната „Боли ме твој додир“, со која освои трето место, односно Бронзена сирена на Сунчане Скале.