Јелена Карлеуша и Бојан Карич, одамна се разведени пред државата, но очигледно не и пред Бога. Пејачката и потомецот на лозата Карич се разведоа уште 2005-тата година по само три месеци брак. И двајцата потоа го изговорија судбоносното “да“ на други партнери – Јелена на фудбалерот Душко Тошиќ, а Бојан на Маша Николиќ. Но бракот кој поранешните партнери го склопиле во црква никогаш не го поништиле – пренесува српскиот таблоид „Ало“.
Јелена и Бојан се венчаа 23 септември 2004-тата година, по бурна врска, која неколку пати беше прекинувана па обновувана.
На вечна љубов пред Бог се заколнаа во црквата Петар и Павле на Топчидар. А бракот пукна во март 2005-та поради наводната обљуба на Карлеуша со нејзиниот телохранител. Таа тогаш ги демантираше овие тврдења.
Таа тогаш тврдеше дека во разводот “прсти замешала“ мајката на Бојан, која никако не ја одобрувала нивната врска.
Јелена и Бојан никогаш по развдот не контактирале. Свиле семејства со други луѓе. Бојан и Маша имаат две деца, а и Јелена на Душко му подари две ќерки. Но во Српската православна црква тие сеуште се водат како сопружници.
Карлеуша потоа се изјаснила како атеист, и го упатила Бојан тој како верник да си ги “брка“ работите околу црквениот развод. Бојан кои никогаш не коментираше за разводот со Јелена, пораката ја упати преку неговите пријатели – сосема му бил доволен и еден “стресен“ развод од Карлеуша.
Правилата за развод од црквен брак во соседна Србија се децидни дека мора да се утврди кај кого е вината за распадот на бракот. “Виновниот“ тогаш тешко дека ќе добие “амин“ за нов брак, додека другата страна автоматски ќе добие благослов.