Јан Гилан пред концертот во Скопје: Да се настапува со симфониски оркестар е луксуз

Од:

Јан Гилан, поранешниот пејач на групата Дип Парпл, утревечер во Скопје ќе одржи концерт со бендот на Don Airey и Македонската филхармонија.

Иако важи за највпечатливиот вокал на сите времиња, Јан Гилан за концертот во Скопје нема некои специјални барања. Освен што звукот мора да е перфектен, единствено во неговата рајдер листа тој бара да има природни и свежо цедени сокови, многу вода и квалитетно вино.

– Со текот на годините, се навикнав да настапувам со бендови, но да се пее со симфониски оркестар за мене е луксуз и големо задоволство. Ова е навистина фасцинантна фузија и не знам дали и кога повторно би можела да се повтори, бидејќи на секој концерт настапувам со различни оркестри. Со Македонската филхармонија, на пример, ќе имам проба на денот на концертот, вели во пресрет на утрешниот концерт.

Тој додава дека е среќен што ќе може да ги пее најголемите хитови на Deep Purple, но и песни што не биле изведени досега, како „Razzle Dazzle“, „The Unwritten Law“, „Anya“, а исто така на репертоарот ќе се најдат и песни од неговата соло кариера.

Гилан на овој концерт ќе настапи со неговата ќерка Грејс, која е пејачка во групата Papa Le Gal – бендот што ќе го отвори концертот во Скопје.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски