Првпат во 50 години долгата кариера, легенарниот бенд „Ролинг Стоунс“ сеопфатно ќе го претстават свото торештво на изложата „Егзибиционизам“, која ќе биде отворена утре во престижната лондонска галерија „Сачи“.
Обемната мултимедијална изложба има повеќе од 550 ретко приказани предмети, а за многумина од нив и самите „Стонси“ посегнаа во нивните приватни архиви.
Се очекува голем интерес на публиката за изложбата, која ќе трае до 4 септември, бидејќи веќе се резервирани повеќе термни за нејзино разгледуање.
Експонатите на изложабта ќе бидат презентирани на два ката во галерија, на речиси 1.800 метри квадратни, во девет тематски целини, кои ќе покажуваат како „Стоунси“ го менувале начинот на кои го доживуваме рокенролот.
Овој „најголем рокенрол бенд во историјата“, како што го нарекуваат критичарите, на изложбата своите 50 години творештво ќе ги ослика низ разни подрачја поврзани со нивното делување, од дизајн, филм, видео, па се до мода, перформанси и музика. Освен оригиналните предмети, детален увид во фасцинантната историја на групата ќе овозможи и модерната интерактивна технологија.
Посетителите ќе имаат можност да видат како изгледала гардеробата на членовите на бендот, нивни реквизити од бегстејџот, ретки инструменти, оригинали дизајни за сцената, легендарни костими, ретки аудио и видео снимки, лични дневници, постери и обвивките на албумите.
На изложбата ќе бидат изложени и книги, фотографии, плочи, уметнички дела и многу егзотични артефакти, а посебно место има „гитарската соба“, која на посетителите ќе им овозможи да го доживеат чувството непосредно пред излегување на сцената.
Фокусот сепак е на музиката, која ја остави групата, почнувајќи од раните 60-ти години на минатиот век, кога почна како мал лондонски блус бенд, па се до трансформацијата во културна икона која инспираа милиони луѓе.
Изложбата по Лондон ќе има турнеја во уште десет градови во светот, меѓу кои и Њујорк, Лос Анџелес и Токио.