Горан Бреговиќ ја напиша химната за претстојниот Светски куп во нордиско скијање во Италија, за што доби 84.700 евра, но многумина не се задоволни со песната која многу потсетува на хитот “Hajdemo u planine” од Бијело дугме.
Италијанците прво полемизираа околу цената што му е платена на Бреговиќ за ова песна, а потоа се лути што истата е поставена на интернет, пред светското првенство, кое почнува на 20 февруари.
Сега, кога химната се појави во јавноста, многумина се разочарани бидејќи во неа се зборува за “качамак, вино и љубов во колиба”, а никаде не се споменува местото на одржување на оваа спортска манифестација, Пјаца Дуомо во Трентино.
Бреговиќ химната ја сними со 50 музичари и 70 италијански пејачи, а самата песна потсетува на стариот хит “Hajdemo u planine”.
Како звучи песната може да слушнете тука: