Фротменот на британскиот рок бенд „Колдплај“, Крис Мартин обелодени дека додека работел на новиот албум на групата, „Ghost Story“, инспирација му претставувала неговата разделба со актерката Гвинет Полтроу и дека е оптоварен со идејата бендот да постигне успех.
Мартин во интервју за радио Би-Би-Си, „се отвори“ за тешките времиња низ кои минува, нагласувајќи дека разделбата од позната актерка го променила неговиот живот.
– Повеќе не сакам да одам низ животот плашејќи се, не сакам да се плашам од љубовта, од одбивањата и од неуспехсите, рече Мартин.
Минатиот месец Палтроу обелодени дека таа и Мартин повеќе не живеат заедно, по 10 години брак од кои имаат две деца.
Излегувањето на шестиот по ред албум на „Колдплеј“, „Ghost Story“ е најавено за 19 мај.