Американскиот хард рок бенд Guns N’Roses ќе настапи во оригиналниот состав на фестивалот Коачела, по 20 години откако Аксел Роуз и Слеш свиреа последен пат заедно.
Организаторите на фестивалот, што се одржува во април во калифорниската пустина на 200 километри западно од Лос Анџелес, во понеделник ја објавија програмата и со тоа ги потврдија шпекулациите дека бендот ќе настапи во оригиналниот состав по повеќе од две децении.
Аксел, гитаристот Слеш и басистот Даф МекКаган последен пат свиреле заедно во 1993 година во Буенос Аирес, во рамки на турнејата “Use Your Illusion”.
Коачела, еден од најпознатите светски музички фестивали, се одвива два викенда еден по друг во април, од 15 до 17 и од 22 до 24 април.