„Chinese Democracy“ излезе во 2008 година, а новиот албум на Guns N’ Roses сепак нема да се чека неколку десетлетија. Фронтменот Екс Роус тврди дека бендот собрал доволно песни не за еден, туку за два нови албума.
Во разговор за „Revolver“, Роус вели дека наскоро може да се очекува албум со ремикс песни од „Chinese Democracy“. Но точната најава кога новите песни ќе го видат новото светло на денот, засега нема.
Во мај гласините за пензионирање беа демантирани како целосна глупост, а со сите овие најави, наскоро во дистрибуција ќе бидат и концертниот 3Д филм „Appetite For Democracy 3D: Live from the Hard Rock Casino-Las Vegas”. Blu-ray и DVD изданието најавено е за 1 јули.