Мегапопуларната ирска група U2 планира да објави албум оваа година, изјави портпаролот на бендот за „Ролинг Стоун“ отфрлајќи ги гласините дека новата студиска снимка е одложена за 2015 година.
Последниот албум „No Line on the Horizon“ U2 го издаде во 2009 година. Оттогаш славната четврока соработуваше со многу продуценти меѓу кои се и will.i.am, Пол Епворт, Рајан Тедер и Дејвид Гета.
Нивното студиско остварување ќе биде објавено под етикета на издавачка куќа „Island Revords“ и под водство на новиот менаџер Гај Осери. На албумот ќе се најде и синглот „Invisible“, претставен во февруари на 48.Супер боул.
Во мај беше соопштено дека Боно и Д Еџ работат и на мјузиклот Sing Street на режисерот Џон карни, јави „Дигитал Спај“.