Поради кризата во Грција, познатите грчки пејачи заработуваат во Скопје, пишува грчкиот весник Параполитика.
Во последните неколку месеци Пеги Зина, Ангела Димитриу, Јоргос Маргаритис, Танос Петрелис и Каити Гарби настапувале во казина во Македонија во сопственост на турски бизнисмен.
На 14 февруари, односно на прослава на Свети Валентин, требало да настапи уште еден познат пејач, но настапот бил откажан.
Како што пишува весникот, профитот од овие настапи за казината е голем, оти грчките ѕвезди привлекуваат и многу Грци, кои ја минуваат границата.