Горан Бреговиќ одбележувањето на четиридецениското постоење на рок бендот „Бијело дугме“, ќе го почне со концерт во Љубљана.
Бреговиќ за „Блиц“ изјави дека на концертот ќе настапува со Ален Исламовиќ.
Бендот што го основа пред 40 години Горан Бреговиќ го вброи меѓу легендарните музичари на просторот на екс-Ју. За таа цел Бреговиќ тргнува на голема турнеа која почнува во Љубљана на 14 јуни, а најголемите хитови на „Бјело дугме“ ќе ги изведува со поранешиот пејач на бендот, Ален Исламовиќ.
– Отворањето на турнејата и првиот концерт ќе биде одржан таму затоа што во Љубљана се сетив на името „Бијело дугме“. Одлучив да ја славам 40-годишнината на бендот со оваа турнеја на која можеби за секој концерт ќе повикам друг член од „Бијело дугме“, рече Бреговиќ за „Блиц“.
Бреговиќ планира на концертот да отсвири повеќе од 20 песни на „Бијело дугме“ со нов аранжман.